Луѓето кои пишуваат грозно, се попаметни од оние со убав ракопис.
Психолозите сметаат дека ракописот може да ги дефинира основните особености на човечкиот карактер.
На начинот на кој се испишани буквите влијаат неколку фактори како: емоционална состојба и својствата на нервниот систем.
Постојат теории поврзани со начинот на пишување кои им даваат дури сексуална предност на оние со лош ракопис. Според други специјалисти, фактот дали пишуваме убаво или не се должи на наследувањето. Многу познати личности имале грд и неразбирлив ракопис. Дали тоа значи дека грдото пишување е знак на генијалност? Специјалистите не се согласуваат, но еве неколку примери за генијалци, на кои не им пошло од рака да пишуваат убаво и читливо.
Наполеон
Ракописот на францускиот војсководец се менува околу седум пати, со тоа што низ времето станува посложен и неразбрлив. Наполеон е автор на еден роман, чие дешифрирање создало многу тешкотии.
Бетовен
Ракописот на музичкиот гениј Бетовен стана причина деветтата симфонија да се толкува цели две години по создавањето, поради неразбирливиот ракопис на композиторот.
Винстон Черчил
Ракописите на Черчил се достапни за малкумина, бидејќи е потребно многу време за да го разбереме претерано ситниот и неразбирлив ракопис на британскиот политичар
Карл Маркс
Карл Маркс не оставал растојание меѓу зборовите што го правело читањето на неговите трудови вистинско мачење.
Алберт Ајнштајн
Генијалниот физичар се одликувал не само со грд ракопис, туку и со немарливост. Пишувањата му биле целите во дамки, отпечатоци од прсти и други пречки за непречено читање.
Лав Толстој
Ракописот на Толстој бил разбирлив единствено за неговата жена, која правела препис на “Војна и мир” неколку пати. Според психијатарот Чезаре Ломброзо, кој што направил анализа на ракописот на големиот писател, на овој начин би можела да пишува само жена со чудно однесување и со психички абнормалности.