Пред околу една година пишувавме за сега 28-годишната Хана Моунси, која пред промената на полот се одзиваше на името Калум и беше меѓу покорпулентните ракометари во австралиската ракометна репрезентација.
Лани конкурираше да стане првата трансродна жена во австралиската женска рагби лига АФЛ, но беше одбиена.
Во меѓувреме, Хана стана ракометарка. Игра на позиција пикер. Австралија на квалификациите заврши на петтото место и осигура настап на Светското првенство во 2019 година во Јапонија. Хана во квалификациите беше една од најдобрите австралиски репрезентативки.
Хана воедно ќе стане и првиот човек кој играл и на машки и на женски Мундијал.