Ракометарите на Фуксе Берлин први патници на Ф4 во Келн

Ракометарите на Фуксе Берлин први го обезбедија местото на завршниот турнир во Лигата на шампионите откако, во реванш натпреварот на сопствен терен, со 35:33 успеаја да ја победат екипата на Веспрем по изведувањето на пенали. Во регуларниот дел, резултатот беше 31:30, а унгарскиот тим триумфираше во првиот меч со 35:34, па вкупниот резултат беше 66:66.

Голманот на Берлин, поранешниот играч на Вардар, Дејан Милосављев, одбрани два седмерца, а решавачкиот гол го постигна Матијас Гидсел.

Во првото полувреме, Берлин имаше предност од 17:11, но гостинот успеа да намали на 17:15, а на крајот од натпреварот резултатот беше 29:29 во 57. минута.

Во моментов, се играат дуелите Алборг – Спортинг (првиот натпревар заврши 31:31) и Барселона – Нант (32:30 за Барселона во првиот меч).

Прочитајте и:  (Фото) Обвинение за нелегално поседување и продажба на оружје за стрелачки клуб од Прилеп, одземени околу 80 парчиња оружје

Утре се очекува последното четвртфинале помеѓу Магдебург и ПИК Сегед, каде што Магдебург победи со 35:28.