Деновиве на интернет се појави првиот македонски портал
наменет специјално за информирање од областа на онкологијата. Тој
има за цел да пружи селектирани, претходно
обработени, преведени на македонски јазик информации за тоа што е
актуелно на полето на онкологијата. Со подигањето на нивото на
медицинската култура и свест кај секој човек се овозможува рано
откривање на ракот, а со тоа и негово поуспешно лекување. Зад овој
проект стои група на реномирани доктори-онколози, но и специјалисти од
другите области на медицината кои своето долгогодишно искуство го
преточуваат на оваа веб-страница. [www.rak.mk]