Ракавица за борба против криминал

ракавицаЗа полицајците, спречувањето и смирувањето на конфронтации значи спасување животи, а тоа е и целта на BodyGuard. Оваа оклопна ракавица опремена со електричен пиштол, видео камера, ласерски нишан и светилка е дизајнирана за спречување насилни ситуации. Ракавицата е дело на Дејвид Браун, камерман и продуцент кој заработува од соработка со музичари како Снуп Дог.

Идејата за направата првпат му дошла на Браун во 2004 година кога со неколку пријатели зборувале за велосипедисти кои биле нападнати од планински лав – едниот умрел а другиот бил сериозно повреден. Браун помислил дека при таков напад, дури и да имате нож или слично оружје истото може да ви падне од рака. Тој сакал да создаде нешто што секој би можел да го употреби инстинктивно.
ракавицаСо развивањето на идејата тој сватил дека негови природни клиенти би биле полицајците, затворските чувари и војската. Тој создал прототип за 48 часа користејќи медицинска лонгета, обичен електричен пиштол и копче од аларм за пожар. Кога неговиот пријател, актерот Кевин Костнер, го видел овој дизајн, тој решил да го подржи Дејви и тие станале партнери.
ракавицаСедум години и 30 прототипи подоцна, Браун го има првиот модел за демонстрации. Сите делови се разместени за олеснета употреба, удобност и за да се спречи корисникот самиот да добие електричен шок. Зелениот ласерски нишан ја олеснува употребата на камерата бидејќи, како што вели Браун, осомничен кој знае дека е сниман и поподложен на соработка. Но ако камерата не е доволна, електричниот пиштол сигурно ќе биде. Кога електрицитетот се движи помеѓу електродите се создава визуелен и звучен сигнал кој би можел да обесхрабри напаѓач. [2011 Invention Awards: A crime-fighting armored glove]

- Реклама -