Сликите кои подолу ќе видите, веројатно ќе ви изгледаат нереални, а луѓето кои се на нив – луди или премногу добро владеат со фотошоп. Сепак, девојката на првата слика се капе во „Devil’s Pool” (Базенот на ѓаволот), природен вир на самиот почеток на водопадот Викторија во Зимбабве, на надморска височина од околу 100 метри!
[youtube]http://youtu.be/rVN9KnWy-H8[/youtube]
Водопадот Викторија е лоциран во јужниот дел на Африка меѓу земјите од Замбија и Зимбабве. Од септември до декември, поради ниското ниво на водата, е можно да се плива на работ, каде што водата формира природен базен.
Во тоа време може да се плива во близина на крајот на водопадот, без опасноста да се падне, а исто уживате во погледот, кој води директно во бездната. Забава е екстремена, а глетката е неопислива. Луѓето велат дека водата се уште никого не однела надолу. Бројните туристи доаѓаат тука за да ја искусат оваа авантура.
[youtube]http://youtu.be/q2h9ISla-fQ[/youtube]