Остров лоциран на западниот брег на Шкотска, на кој не постојат продавници или патишта и со популација од само тројца жители е на продажба по цена помала од 2 милиони фунти.
Танера Мор, малиот остров кој лежи на површина од нешто повеќе од три километри квадратни, беше ставен на продажба минатиот мај по цена од 2.5 милиони фунти.
Иако островот го привлече вниманието на далечните земји како Кина, САД и Фокландските Острови, сепак, никој до крај не отиде во купувањето на ова рајско островче.
Така, агентите за продажба ја спуштија сега цената на 1.950.000 фунти, што е еднакво со цената на некои поголеми раскошни станови кои се наоѓаат во центарот на големите метерополи како Париз, Лондон, Њујорк…
Лизи, Ричард и нивната ќерка Рози Вилијамс се единствените жители на зелениот остров полн со прекрасни дрвја, ливади и диви плажи, но со оглед на тоа што во моментов тие го очекуваат и нивното второ дете, одлучиле дека е време да се преселат во поцивилизирана средина.
Освен прекрасната дива природа, на островот се наоѓаат 9 колиби чија замисла е да служат како викендици за посетителите, кафуле, пошта и мало училиште за едрење.
Сепак, и покрај сите овие градби, рајската природа, волшебните хоризонти и непроценливиот мир и спокој, цената на Тенера Мор е еднаква колку еден луксузен Bugatti автомобил.