Франција – тоа е вистински сон за оние кои што сакаат да се релаксираат со шарм. Елегантна, пријатна и софистицирана, ова е една од најубавите држави за да се почувствува секое годишно време. Богата програма на познати музеи, гурмански искусување, замоци, божествена кујна, вино, скијачки одморалишта и на Азурниот брег – се чини дека сè е тука.
Тука можете да уживате во вашето утринско кафе со кроасани или само да седите на една клупа во Монмартр, гледајќи во минувачите. Здодевно? Тогаш погледнете го богатството во Монте Карло и потрошете ги последните пари во еден од најдобрите ресторани во Кан.
На крајот, парите не sе важни, кога се шират пред вас неверојатни полиња со лаванда. Заминете во Париз и паднете во љубов. Овој град е основан за тоа.
Есента во Франција е особено убава, па затоа не треба да се двоумите. Предупредуваме дека Франција предизвикува хронично влошување на чувството на убавина.