Една пивница во Австрија започна да нуди (совршени) спа третмани за мажи – нивните муштерии сега ќе можат да се бањаат во базен наполнет со околу 20.000 литри лагер.
Една пивница во Австрија започна да нуди (совршени) спа третмани за мажи – нивните муштерии сега ќе можат да се бањаат во базен наполнет со околу 20.000 литри лагер.
Сопствениците велат дека бањањето во топло пиво ја помага циркулацијата, добро е за кожата и дека и Клеопатра практикувала вакви третмани за чистење и негување на кожата.
Но не грижете се, нема да мора да пиете топло пиво во кое се брцкал вашиот влакнест пријател, персоналот во Starkenberg спа центарот ќе се погрижи да имате ладно пиво за да се налевате додека сте потопени во вашиот омилен пијалок. Ваквиот пивски рај чини 135 евра за два часа „пливање“, а има и поевтина варијанта – купете 2-3 гајби пиво и право во када.