Ако некого му кажете дека е Неандерталец, веројатно сакате да го навредите и да му соопштите оти е груб, невоспитан и му недостасуваат основните одлики на човечко суштество. Но, тим истражувачи од Универзитетот Јорк открил дека токму кај Неандерталците за првпат се појавиле одликите на човекот, онакви какви што ги знаеме денес.
Ако некого му кажете дека е Неандерталец, веројатно сакате да го навредите и да му соопштите оти е груб, невоспитан и му недостасуваат основните одлики на човечко суштество. Но, тим истражувачи од Универзитетот Јорк открил дека токму кај Неандерталците за првпат се појавиле одликите на човекот, онакви какви што ги знаеме денес.
Тим истражувачи од Универзитетот Јорк дошле до заклучок дека најраните луѓе во Европа, Неандерталците, се првите што покажале одлики на модерните човечки суштества, некаде во периодот пред 500 илјади и 40 илјади години. Тие примитивни луѓе за првпат воспоставиле меѓусебни врски кои не биле базирани единствено врз инстинктот за преживување и заемната корист, туку на сочувствувањето и искрената грижа за другите.
Археолошките докази покажале дека повредените и слабите членови на заедниците не биле напуштани, туку напротив, за нив се водела посебна грижа. Емотивната состојба на нашите претци веројатно најдобро се гледа преку детето со особена деформација на мозокот за кого тие се грижеле до смртта на шестгодишна возраст, како и Неандерталецот со исушена рака и деформирани стапала кој живеел во заедницата преку 20 години.
Корените на сочувствувањето се лоцирани пред приближно 6 милиони години и се засноваат на заедничкиот лов. Студијата вели дека заедничкиот предок на луѓето и шимпанзата е првото сушстество кое развило навика да им помага на своите блиски, најчесто со мали гестови во текот на ловот, како помагање за преминување пречки, поттргнување гранки итн.
Емпатијата кај Хомо Еректус, пред 1,8 милиони години е она што подоцна довело до развој на рационалното размислување. Доказите упатуваат кон тоа дека овој вид се грижел за болните, ги погребувал мртвите со особена грижа (што покажува жалење и тага), а имал и потреба да ги утешува блиските при загуба на некој член од заедницата.
Веќе кај модерните луѓе, почнувајќи од Неандерталците, сочувствувањето се подигнало на ниво кое е многу блиску до денешното и тие започнале да се грижат и за туѓинците, животните, предметите, како и за апстрактните концепти, како богови, духови, итн.
Објаснувањето за појавата на емоции кај луѓето се темели на кревкоста и ранливоста на човекот, што на подолг период довело до неверојатно силна зависност и поврзаност со останатите луѓе. Потоа, сето тоа влегло во генетската меморија и направило комплексен склоп на емоции, кои ги носиме со себе до денес. [The birth of human compassion: Neanderthals ‘had feelings of sympathy and cared for others’]