Подводниот вулкан кој еруптира недалеку од островот Ел Хиеро, дел од Канарските Острови, западно од Африка, исфрла масовни количини магма, карпи и сулфур. Од ерупцијата седумдесетина метри под површината, веќе излетуваат пламени јазици во височина од 20 метри.
Новиот остров веќе започна да се покажува на површината, а ако ерупцијата продолжи со ист интензитет, тој за брзо време би можел да се соедини со соседниот остров. За сега, областа е евакуирана и е забранет поморскиот сообраќај, а мештаните веќе смислуваат име за новиот дел од Канарските Острови.
{youtube}oqQdZCmqC2w{/youtube}