Рагбистот Aнгус Крајтон, пред некое време до толку го повреди прстот што веќе не можеше да го свитка. Јасно ви е што следува така?
Младиот рагбист Ангус Крајтон во последно време ептен заести со покажувањето на средниот прст до степен истото да не може да го контролира, па се одлуши на така малце хард кор потег, и тоа, да го ампутира.
Звучи ненормално така? Епа вака…
Имено, Крајтон на еден рагби натпревар ја кине тетивата на средниот прст на левата рака по што следеле неколку корективни интервенции. На крајот состојбата на прстот кулмини8ра до тој стадиум што типот веќе нема зглоб на средниот прс и воопшто не може ни да го свитка. Јасно ви е дека ова во спортот па и во неговиот секојдневен живот може да резултира со доста интересни ситуации.
Крајтон за ситуацијава проговоре и гласно во еден австралиски портал:
„Јас тој прст повеќе не можам да го виткам така што луѓето постојано мислат дека ги од..бувам. Дури и кога ќе стиснам тупаница, средниот прст ми останува исправен. Еве баш пред некој ден на еден тип му пресеков пат со кола, и му кренав рака во знак на извинување, овекот ме следеше до пред паркинг за да ме праша зошто му кренав среден прст, а бев крив. Му ја објаснив безвезната ситуација со која се сооувам и му стана јасно“
Ангус пред некое време и дефинитивно се откажа од било каква интервенција на средниот прст откако дозна дека со последната корекција би требало да паузира 12 недели, со што би отсуствувал речиси третина сезона од австралијската NRL, па се одлучи на ампутација на половина прст, што би значело само 14 дена одмор.
Можеби ќе изгубам половина прст, ама на луѓево некои ствари ќе им станат појасни.
Наравоуение!
Деца не си играјте со рагбистите, дечките се стварно жестока сорта!