Женскиот рагби тим на Оксфордскиот универзитет одлучи да собере средства за добротворна кауза на најочигледниот начин – со тоа што се соблече.
Спортистките ги покажаа спортските тела во жешка фотосесија, која ќе се претвори во календар за следната година.
Претставничките на универзитетот ја поддржаа хуманитарната кауза на Beat во борбата на луѓето со секакви нарушувања во исхраната и поддршка на луѓето кои имаат проблеми со тежината.
“Пораката на Beat за добра мисла и чувство на доверба во сопственото тело е во склад со она на девојките. Календарот ја покажува различноста на жените кои играат рагби, со што се надеваме дека ќе охрабри и инспирира повеќе дами да се приклучат кон спортот “, вели претседателот на клубот Хелен Лам.
Календарот ќе чини 12 фунти, а членовите на универзитетот ќе добијат попуст од две фунти.