Повеќето млади родители ќе се согласат дека покрај радоста, која ја носи раѓањето на дете, тоа може да биде доста стресно искуство.
Недостатокот на спиење, финансискиот притисок и промената во динамиката на семејството се меѓу проблемите кои многумина ги доживуваат со доаѓањето на бебето, но кај некои тој стрес може да влијае и на романтичноста на нивната врска.
Раѓањето на дете ја зголемува веројатноста за неверство од страна на мажот.
Истражувањето меѓу 5000 претставници на посилниот пол кои изневеруваат потврдува 82% од нив започнале да изневеруваат по појавата на децата во бракот.
Имено, тие велат дека сексот со партнерката престанал да биде толку страстен по раѓањето на бебето .
23% користат изговор дека недостигот на сон кај родителите на малите деца довел до проблеми во спалната соба , кои станале подоцна причина за неверство.
18% од учесниците во анкетата изјавиле дека партнерката го насочила целото внимание кон децата и овој недостаток на интерес довел до неверство .
15% од неверните мажи ги посочиле економските проблеми како извор на проблемите во нивниот брак, а 14% споменале други семејни проблеми како причина за изневерувањето.
Само 22% од 5000-те мажи биле во втор брак, па изјавиле дека првиот брак бил причината што започнале да изневеруваат.