Paфали во лајвстримот на градоначалникот на Чаир, ДУИ слави победа (ВИДЕО)

Поворки и свирки од автомобили, овации и истpeли од автоматско opужје – ваква е атмосферата во скопската општина Чаир, каде ДУИ прославува победа на изборите.

Според Бујар Османи, ДУИ убедливо победува во Тетово во сите избирачки места, но и во Сарај, Чаир, Кичево, Теарце, Струга, Дебар, Битола, Преспа и Сопиште.

Дека атмосферата е „огнeнa“, евидентно е од видеото што на Фејсбук го сподели токму градоначалникот на Чаир – Висар Ганиу. До моментов на пишување, тој веќе го избриша видеото од својот профил, но истото може да се најде на други профили на социјалните мрежи, а веќе го објавија и некои од телевизиите:

Прочитајте и:  „Левица“ најави кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители, спикерот ќе бара да заседава Комисијата за деловнички прашања
- Реклама -