Поради повредата на коленото, поранешниот светски рекет број еден Рафаел Надал наскоро би можел да ја заврши својата кариера.
Шпанскиот тенисер изјавил дека состојбата со неговата повреда му наложува да размислува за пензионирање. Но, само доколку не успее да се врати во форма.
„Многу пати сум кажал дека приоритет ми е да бодам 100 % здрав. Здравјето ми е потребно за да можам да се натпреварувам и да освојувам титули. Но, доколку не успеам да целосно да се опоравам од повредата, тогаш заедно со мојот тим ќе одлучам дали и кога ќе и ставам крај на кариерата. Сепак, оваа одлука ќе ја донесам само тогаш кога ќе бидам убеден дека повеќе нема да можам да бидам достоен конкурент на моите ривали на теренот”, изјавил Рафа за шпанските медиуми.