Радев: Софија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од претседателката Сиљановска Давкова да стане конзистентна политика на Владата во Скопје

Бугарија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Гордана Сиљановска да стане конзистентна политика на Владата на Република Северна Македонија. Ова, како што соопшти кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев, е ставот што тој и го пренел на претседателката Сиљановска Давкона на денешната средба во Софија.

– На средбата, претседателот Радев истакна дека дијалогот на највисоко ниво меѓу двете земји треба да биде активен и да ја стимулира работата на владите, бизнисите, како и билатералната размена во областа на образованието, науката и културата.

Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со РСМ и очекува таа не само да помогне во билатералното културно зближување и економската соработка, туку и преку неа да се постигне решение за отворените прашања во нашите односи. За нив мора да се одлучува врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, протоколите потпишани кон него и Заклучоците на Европскиот совет од летото 2022 година, усвоени едногласно од сите земји-членки на ЕУ и со согласност на РСМ, нагласи Румен Радев. Шефот на државата додаде дека ова е начин да се отвори преговарачкиот процес за целосна европска интеграција на нашиот сосед во интерес на младите во земјата, а тоа ќе биде позитивен знак за целиот регион.

Прочитајте и:  Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување

Претседателот Радев повика и на многу поактивни заеднички напори од страна на Бугарија и РСМ за изградба на транспортниот коридор 8, кој е од клучно значење за поврзаноста и безбедноста во Југоисточна Европа и ќе создаде квалитативно нови услови за бизнис, туризам. и поттикнување на инвестиции во регионален план, се наведува во соопштението од кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев .

- Реклама -