Радев: Ништо не може да го оправда газењето на националниот суверенитет, жртвите, уништувањето

„Без оглед на позадината, каков и да е изговорот за војната во Украина, ништо не може да го оправда газењето на националниот суверенитет на земјата, жртвите, уништувањата и огромните страдања“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис во Букурешт, каде е во работна посета, пренесува БТА.

Радев оценил дека војната во непосредна близина на границите на Бугарија радикално го менува безбедносното опкружување во регионот и дека „безбедносниот систем во Европа, изграден преку децении, се урива пред нашите очи“.

„Системите и рутите за снабдување, комуникациските линии, нивното прекинување, особено во Црното Море, заканата за енергетската безбедност, воведувањето на невидени санкции кон Русија, ги ставаат нашите економии и општествени системи на голем тест“, додал Радев, посочувајќи, од друга страна, дека сите овие процеси ги консолидираат единството и определбата во ЕУ и НАТО за координирани дејствија во целиот спектар на меѓународните односи.

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна

Извор: БТА/МИА

* Оваа „вест на денот“ е избрана од Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување на МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на двете земји да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја (која другата агенција ја објавува на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор)

- Реклама -