Радев: Бугарија ќе ѝ ја отвори вратата на РСМ само со гаранции и заштита на нејзиниот национален интерес

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност со цел да се разговара за односот на Бугарија кон Република Северна Македонија и да бара консензус со сите политички партии во новиот бугарски парламент. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев додаде дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер на Бугарија Кирил Петков.

„Бугарија ќе ја отвори вратата на Република Северна Македонија само со гаранции и заштита на нејзиниот национален интерес. Доколку се постигне такво решение, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и како време и како резултат, е целосно во рацете на земјата кандидат“, изјави бугарскиот претседател Радев.

Прочитајте и:  Средба на Сиљановска Давкова со Орбан: Како држава не гледаме алтернатива за интеграцијата и полноправното членство во ЕУ
- Реклама -