Замислете дека дома имате машина која ви приготвува пиво, речиси без да мрднете со прстот.
Џон Карнет, поранешен фотограф на списанието Popular Science, своерачно произведе таков уред.
„Уредот”, како што тој го нарекува, е систем од две колички со челични контејнери, во кои што пивото се вари, ферментира, лади и налева.
Во повеќето „домашни пивари” секој чекор од овој процес бара човечки фактори и различни садови. Машината на Карнет е целосно автоматизирана. Пивското патување започнува во делот за варење, каде концентрираниот растителен екстракт се загрева за 90 минути. Потоа поминува низ кулер, каде смесата се лади до 13 степени, по патот кон фрегментација. Околу неа, по мрежа од ладни бакарни цевки од фреон, се пушта студена вода, доколку температурата стане превисока.
На крајот, пивото поминува низ сад за ладење, со цел да стигне мраз ладно во вашата чаша.