Кинески работници кои работеле на проширување на патот во Таијзоу, Кина, копале речиси два метри длабоко и наишле на нешто што не го очекувале.Станува збор за голема камена кутија која наликувала на ковчег. Претпоставувајќи дека нивниот пронајдок е нешто што претставува дел од историјата, ги повикале археолозите, кои откриле дека станува збор за гроб стар 700 години.
Тимот археолози успешно го отворил кофчегот, без притоа воопшто да направи некаква штета на она што го содржел во себе.
Она што на прв поглед го виделе, биле голем број на платна потопени во кафена течност. Под слоевите со материјали лежела женска мумија, чие тело воопшто не било оштетено од вековите.
Според накитот кој таа го носела, и телото обвиено со свила и волна (кои тогаш само најбогатите можеле да си ги дозволат), се претпоставува дека мумијата негогаш била висок член на династијата Минг, водечката сила на Кина меѓу 1368 – 1644 година.
Телото кое било долго 1,5 метри, било внимателно извадено од својата гробница, а неговата одлична состојба била изненадувачка.
Всушност, веѓите и трепките се уште стоеле на лицето на оваа жена. Ова е една од најдобро мумифицираните личности пронајдени низ историјата.