Работнички ја победи директната конкуренција Феникс 2010

Кошаркарите на Работнички остварија значајна победа од 93:83 против стратешки конкурент во лигата за опстанок.

На домашен терен во салата „Лазар Лечиќ“, тимот постојано ја контролираше играта, успевајќи да ги добие првите три четвртини. Иако екипата на Феникс неколкупати се обиде да воведе неизвесност во резултатот, сепак не успеаја да извршат пресврт.

Најефикасен играч на натпреварот беше Виктор Ефремовски, кој постигна 30 поени.

Во мечот одигран во Битола, Пелистер забележа победа над Маџари со резултат 84:72 во рамките на првото коло од лигата за титула.

Во останатите натпревари од оваа лига (ТОП 6), МЗТ Скопје Аеродром го победи Кожув со 84:75, а ТФТ славеше против Тиквеш Голден Игл со 80:74.

Прочитајте и:  (Видео) Баерн без сили - ПСЖ ќе ја брани европската титула против Арсенал.