Еднаш глувчето видело дека господарот на нејзиниот имот направил стапица.
Веднаш ги алармирало кокошки, им раскажало на овците и на кравата. Но сите тие рамнодушно реагирале: „Нас не не интересира, тоа е твој проблем, не наш!”
Не поминало многу време, во стапицата се фатила змија. Жената на земјоделецот се обидела да ја извади, но змијата ја каснала. Домакинката на фармата легнала болна во постела. Додека ја лекувале, заклале кокошки, за да ја хранат со корисна супа. Потоа ги заклале и овците за да го пречекуваат секој кој доаѓал да ја посети. Конечно, кога оздравувала ја заклале и кравата. И цело ова време глувчето само гледало во една дупка во ѕидот и си мислело за работите што немаат смисла!
Поуката: Ако нешто не ви влијае директно, не мислете дека некогаш нема да ви се удри од главата.