Работи што не сте ги знаеле за „Титаник“

Филмот Титаник е вториот филм во историјата кој успеа да освои 11 оскари. Тој е најпрофитабилниот филм кој заработи повеќе ид една милијарда долари. Снимен е во 1997 година. Во продолжение прочитајте интересни помалку познати факти за филмот.

1.Бабата Глорија Стјуарт е едниствената особа која работела на филмот, а била жива кига вистинскиот Титаник отпловил во 1912 година.

2. Ди Каприо на снимањата го носел неговиот миленик, гуштер, кој во текот на снимањата го прегазил камион, но во живот го вратила дежурната медицинска сестра.

3.  Титаник е првиот филм кој е пуштен во видео дистрибуција, додека се прикажувал  во кино салите.

4. Камерон не е само талентиран за режија, тој исто така знае и да црта. Сите цртежи на Леонардо во филмот се всушност дело на Камерон.

[youtube]http://youtu.be/GHD4qhcgil8[/youtube]

5. Капутот кој Роуз го носи во сцените на потонувањето на бродот е дупло поголем од нејзиниот конфекциски број. На тој начин Камерон сакал да ја прикаже нејзината ранливост во моментите на евакуација на бродот.

6. Кога дознала дека ќе снима гола сцена, Кејт Винслент му ги покажала градите на Леонардо веднаш откако се запознале, за да ја намали напнатоста.

7. Во најголем дел од сцените во кои патниците паѓаат во морето се користени плитки базени, со длабочина од едвај еден метар.

8.  Филмската екипа имала само една можност за снимање на сцената во која тоне главната сала, бидејќи потопувањето на салонот воедно значел и уништување на сценографијата.

9.  Роберт де Ниро требал да глуми капетанот, но бил приморан да одбие поради гастроинтенстинална инфекција.

10. Титаник е првиот филм на Џејмс Камерон во кој не се прикажува или споменува нуклеарно оружје.

 

- Реклама -