Со оглед на тоа колку часа поминувате работејќи, вашата маса неизбежно станува ваш втор дом.
Затоа е сосема можно, како и вашиот дом, и вашата маса со тек на време да стане неуредна и пренатрупана. Она што треба да го направите е да одвоите неколку минути и да ги фрлите (или да ги земете дома или донирајте) работите кои ви сметаат на патот. Можеби ќе откриете дека сте многу попродуктивни и среќни без тие ситни пречки пред вас.
Ова фрлете го:
1. Ризницата шеќерчиња и зачини кои се кријат во вашата фиока.
2. Неискористените пластични виљушки, лажици и ножеви на кои сте внимавале како да е сребрениот прибор од вашата покојна баба.
3. Вчерешната листа на обврски.
4. Post-it ливчиња со потсетници на работи кои веќе одамна сте ги направиле.
5. Неупотребливи пенкала или моливи, дури и ако не се целосно потрошени.
6. Сите кабли кои не можете да ги идентификувате. (Но прво консултирајте се со информатичарите)
7. Различни сметки кои едноставно се насобрале со текот на времето.
8. Визит картички на луѓе кои повеќе не се сеќавате или за кои знаете дека во меѓувремено смениле работно место.
9. Летоци и стари списанија. Сите!
10. Валкани филџани од кафе кои сте планирале да ги измиете пред неколку дена/недели.
11. Стари тетратки или планери кои целосно сте ги исполниле или во кои сте прекинале да пишувате.
12. Старински канцелариски материјали. Но само ако самите ги сметате за застарени.