Општо прифатен став е дека гаџетите се причината поради која не можеме да се „откачиме“ од работа. Но проблемот не е што гаџетите создаваат зависност.
Вистинскиот проблем е што професионалците се постојано поврзани со своето работно место преку гаџетите, нејчесто 24 часа во денот. Обвинувањето на новиот таблет или апликацијата за социјални медиуми за вашето отсуство од вистинскиот свет не ни дозволува да ја префрлиме вината каде што треба – на професиите чии шефови бараат неразумно работно време.
„Замислете ако работниците во фабриките во 19 век го обвинувале часовникот што работат долго. Решението за ужасните работни услови од доцниот 19 век не било уништување на часовниците или парните машини. Решението било организирање и борба за правото на 40 часовна работна недела и платени одмори.
Голем дел од компулсивната поврзаност (каде што постои) е симптом за многу поголем проблем, а не проблемот.