Шест совети за намалување на работниот стрес

Работата често знае да биде стресна. Телефонот не престанува да ѕвони, колегите постојано зборуваат, а задачите постојано се таложат иако времето брзо минува. Иако ниското ниво на стрес може да ја служи како мотиватор, ако тој премине во повисоки нивоа, може негативно да се одрази на продуктивноста. Еве неколку едноставни совети со кои подобро ќе се чувствувате на работното место.

Престанете со мултитаскинг

Или со други зборови, не се обидувајте да работите повеќе работи истовремено. Ако чувствувате дека нервозата ви се зголемува, сконцентрирајте се само на една задача. Исклучете Фејсбук, Твитер, Скајп и мејл и наместете го телефонот на вибрации. Така сигурно подобро ќе ги сработите сите задачи.

Излезете на сонце

Ако цел ден работите во затворен простор и во иста канцеларија, многу лесно може да ја утнете вистинската перспектива, па мејлот од шефот или изгубениот фајл може да изгледа како вистинска катастрофа. Само неколку минути поминати на свеж воздух и под сончевите зраци ќе предизвикаат работите да не делуваат толку страшно. Затоа, паузата за кафе или за ручек поминете ја на некое сончево место, а во зимскиот период прошетајте со брзи чекори за да се ослободите од стресот.

Средете си го бирото

Тешко е да не се чувствувате оптоварено ако целото работно капче ви е преполно со разни хартии, стикери, папки и останати деловни материјали. Затоа, средете го бирото и ќе почувствувате нова работна мотивација.

Купете си растение

Едно зелено растение во канцеларијата е доволно за да ви го подобри здравјето, да го намали стресот, па дури и да ви го регулира притисокот. Вработените што работат во близина на растенија се помалку стресни и работат повнимателно од останатите колеги.

Пијте зелен чај

Зелениот чај има многу корисни состојки за здравјето, а меѓудругото го намалува и стресот. Има малку кофеин и делува поумерено од кафето, а истовремено содржи Л-теанин, кој смирува и помага да се одржи јасна концентрација.

Движете се

Без оглед на тоа колку ви е густ дневниот распоред, најдете време за физичка активност. Таа помага во намалувањето на стресот и ќе предизвика подобро да размислувате. Благодарение на физичката активност, телото произведува повеќе ендорфини, кои предизвикуваат да се чувствувате добро и по напорниот ден.

- Реклама -