Путин: Воведувањето на NFZ над Украина ќе има „катастрофални последици“ за целиот свет

Секоја земја што ќе се обиде да воведе зона на забранети летови (aka. NFZ, no-fly zone) над Украина, Москва ќе ја смета за земја што одлучила да влезе во конфликтот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Секое движење во оваа насока од нас ќе се смета за учество во вооружен конфликт на таа земја“, рече тој за време на состанокот со вработените во Аерофлот, јави АФП, пренесува НДТВ.

Воведувањето зона на забранети летови, додаде Путин, ќе има „колосални и катастрофални последици не само за Европа, туку и за целиот свет“.

Путин, исто така, ги отфрли и гласините дека Русија планира да прогласи воена состојба по воениот упад на неговата земја во Украина.

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море
- Реклама -