Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека обидите за намалување на авторитетот и легитимитетот на Обединетите Нации (ОН) се многу опасни и дека акцијата на било која земја ја прави резолуцијата на ОН нелегитимна и во спротивност со повелбата на светската организација за меѓународни права.
Путин денеска оцени дека средбата со терористите на Блискиот исток довела до вооружени немири и дека несоработката со сирискиот претседател Башар Ал Асад е многу голема грешка, бидејќи тој е борец против тероризмот.
„Сфаќате ли што направивте?“ праша Путин во говорот на генералната дебата на Генералното сообрание на Обединетите нации во Њујорк.
Рускиот претседател истакна дека обидите за намалување на авторитетот и легитимитетот н Обединетите Нации (ОН) се многу опасни и дека акцијата на било која земја ја прави резолуцијата на ОН нелегитимна и во спротивност со повелбата на светската организација за меѓународни права.
„ Разлика во мислењата во ОН имало отсекогаш – како права на вето, што е сосема логично за толку разновидна организација, но суштината на Обединетите Нации е потрагата по компромис“, рече Путин.
Рускиот претседател оцени дека нема потреба за ширење на НАТО на исток, а и дека кризата во Украина е последица на експанзијата на Северноатланскиот сојуз.
Путин објасни дека источноевропските земји се ставени под лажен избор помеѓу истокот и западот, а таквата логика на конфронтација морала порано или подоцна да доведе до геополитичка криза, како што се случи во Украина.
Делегацијата на Украина ја напушти салата непосредно пред почетокот на обраќањето на Путин, а претходно за време на говорот на украинскиот претседател Петро Порошенко, салата ја напушти руската делегација.