Москва, 16 мај 2022 (МИА) – Коментирајќи го влезот на Финска и Шведска во НАТО, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека неговата земја нема проблеми со овие земји, и дека нивниот влез не претставува закана, но дека одговорот на Русија во секој случај ќе следи.
Тој, исто така, нагласи дека НАТО се користи како инструмент на надворешната политика на една земја.
„НАТО се користи како инструмент на надворешната политика на една земја и тоа се прави многу агресивно“, рече Путин.