Путин вели дека се чуствува силен и способен за нов мандат, вежба по два часа на ден

Долгогодишниот руски владетел Владимир Путин, кој во март се соочува со нови претседателски избори, денеска изјави дека се чувствува способен за должноста и покрај неговата возраст.

– Во себе чувствувам сила, енергија да работам за да ги исполнам задачите со кои се соочува земјата, изјави Путин (71) за време на посетата на регионот Чукотка, на рускиот Далечен Исток, пренесуваат руските медиуми.

Путин нагласи дека е „возрасен човек“ и додаде дека се чувствува како татко кој се радува за успехот на членовите на своето семејство.

Посетата на регионалниот центар Анадир е еден од неговите главни јавни настапи во предизборната кампања, каде тој денеска разговараше со граѓаните и откри некои детали од приватниот живот. Тој на локалните жители им кажа дека вежба два часа дневно и откри дека додека бил студент по право учел и за столар.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина

Во градот каде што времето е главно студено, тој посети и стакленик за производство на домати.

МИА

- Реклама -