За добар шегаџија нема лоша тема, а Путин ја искористи нетрпеливоста на САД кон Русија, и тоа баш на состанокот со американскиот советник за безбедност – Џон Болтон.
„Ако добро се сеќавам, американскиот грб прикажува белоглав орел кој држи 13 стрели во едната канџа, и маслиново гранче со 13 маслинки во другата, кои се симбол на мирољубивите политики…“
„Имам прашање: Дали вашиот орел ги изеде сите маслинки, па сега му се останати само стрелите?“, рече Путин низ смеа, во која му се приклучија сите во салата, па дури и Џон Болтон, пренесуваат руските и американските медиуми.
Се разбира, шегата Путин „ја пукна“ додека се дискутираше за Спогодбата за нуклеарни сили со среден домет (Intermediate-Range Nuclear Forces, ака. INF), од која американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави повлекување на САД.