Путин размислува да го згасне интернетот во цела Русија

Доколку има воен конфликт или сериозни демонстрации во Русија, земјата може да го укине интернет пристапот, објавија високи руски официјални лица.

Претседателот Владимир Путин ќе претседава денес со Советот за безбедност, средба на која меѓу останатото ќе се дискутира и со тоа како Москва да го укине интернетот во Русија, во случај на „вонредна состојба“.

Целта на оваа иницијатива е да се зајакне контролата врз содржините пласирани на интернет, место на кое можат да се организираат опозиционерите и неистомислениците.

Планот на Путин е доменот RU. да се доведе под контрола на државата.

Всушност, тоа е последниот медиум во Русија кој не е под контрола на државата, со оглед на тоа што најголемиот број од нив го пренесуваат само она кое „им се диктира“.

Прочитајте и:  Студија: И покрај вооружувањето на Русија, НАТО сè уште има значителна воена надмоќ

Интернетот е едно од ретките места отворени за јавна дискусија и слободен говор.

- Реклама -