Москва, 3 мај 2022 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за реципрочни економски мерки, како одговор на „непријателските дејствија на одредени странски држави и на меѓународни организации“, соопшти денеска Кремљ.
Указот предвидува руска забрана за извоз на производи и суровини на лица и на стопански субјекти, против кои се воведени санкции.
Ним им се забранува и трансакции со странци и со компании, што биле предмет на реципрочни санкции од страна на Русија и им се овозможува на руските партнери да не ги исполнат своите обврски кон нив.