Путин порача: Не патувајте во Турција

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им порача на своите сонародници да не патуваат во Турција, откако вчера руски авион беше соборен од страна на турската армија.

Putin-2

„Што да правиме по трагичниот настан – соборувањето на нашиот авион и смртта на пилотот? Треба да ги убедиме Русите да не одат во Турција, Министерството за надворешни работи со право ги предупреди сонародниците за опасноста“, посочи Путин.

„По она што се случи вчера, не можеме да исклучиме и други инциденти. А ако се случат нови инциденти, треба да реагираме. Така, нашиот народ кој се наоѓа во Турција, може да се најде во опасност “, посочи шефот на државата.

- Реклама -