Дестабилизацијата на ситуацијата на Блискиот Исток доведе до тоа да му се отвори патот на тероризмот. Ова го изјави претседателот на Русија, Владимир Путин на годишното обраќање пред Сојузното собрание.
„Не може ако на некој му се посака да прави промена на режими и грубо да ги наметнува своите правила. Како резултат на што? Направија каша, ја прекршија државноста, ги скараа луѓето меѓу себе, а потоа едноставно, како што се вели во Русија, си ги мијат рацете, давајќи им пат на радикали, екстремисти и терористи “, констатира рускиот лидер.
Тој во своето обраќање додаде и дека Русија нема да го заборави соборувањето на рускиот борбен авион од страна на Турција. Притоа тој потенцира дека не се заканува и турскиот народ уште го смета за пријателски, меѓутоа, нема да застане само на трговски санкции.
Путин уште еднаш ја обвини власта во Турција дека го помага тероризмот.