Путин: Од утре плаќање во рубљи или нема гас, на „непријателските“ земји ќе им требаат сметки во руски банки

Moсква, 31 март 2022 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека „непријателските“ земји, вклучително и сите членки на ЕУ, ќе треба да отворат сметки во руски банки и да плаќаат во рубљи за испорака на гас од април.

„Тие мора да отворат сметки во руските банки за да плаќаат во рубљи. Токму од тие сметки ќе се вршат плаќања за испорачан гас почнувајќи од утре, 1 април“, нагласи Путин во телевизиска изјава.

Тој додаде дека дека додколку нема уплати тоа ќе предизвика „стопирање на постоечките договори“.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина
- Реклама -