Путин не сака да одговори на повиците на Ердоган

Кремљ ја објасни неподготвеноста на Владимир Путин да одговори на повиците на Ердоган.

14577

Во текот на изминатата недела претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган два пати му се јавил на Владимир Путин, но рускиот лидер не планира да го крене телефонот додека не види подготвеност кај Турција да се извини. Тоа го објасни денеска помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Утрово портпаролот на Путин, Дмитриј Песков раскажа дека Ердоган му ѕвонел на Путин седум-осум часа по соборувањето на рускиот авион Су-24 над Сирија. Ердоган и вчера наводно му ѕвонел на рускиот претседател.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров сепак ги негираше тврдењата дека турската страна има направено обид да се поврзе со Путин.

- Реклама -