Русија ќе продолжи да ги зајакнува своите Вооружени сили, истакна претседателот Владимир Путин за време на церемонијата во Кремљ за претставувањето на повисоките офицери назначени на командни должности.
„Нашата армија и флота остануваат сигурни гаранти за суверенитетот на земјата, играат клучна улога за гарантирањето на глобалната и регионалната безбедност “, истакна тој.
Шефот на државата рече дека меѓу приоритетите за развој на Армијата е имплементирање на современи системи за управување, како и подобрување на квалитетот и интензитетот на борбената обука.
Путин потсети дека оваа година руските воени сили спроведоа над три илјади вежби, а операцијата во Сирија е доказ за подготвеноста.
„Оваа операција потврди дека Русија е подготвена да пружи адекватен и ефикасен одговор на терористичките и било кои други закани на нашата држава“, истакна рускиот претседател.