Во пресрет на новата година кифлите се неизбежен ден од празничната трпеза. Денеска ви прикажуваме рецепт кој ќе му даде нова димензија на овој прекрасен специјалитет и ќе ги надмине сите ваши очекувања.
Состојки:
– 1 кг. брашно
– 2 дл. јогурт
– 2 дл. млеко
– 1 дл. павлака
– 1 дл. масло
– 1 лажица шеќер
– 3 лажички сол
– 3 јајца
– 1 коцка квасец
Состојки за премачкување:
– 1 јајце
– 125 гр. путер
– сусам
Подготовка:
Во млако млеко ставете лажица шеќер, лажица брашно и распарчен квасец и оставете да набабри.
Во чинија сипете половина брашно, сол, масло, јајца и павлака, и додадете го квасецот.
Мешајте со дрвена лажица и постепено додавајте брашно, сипувајте млак јогурт и замесете го тестото. Оставете да кисне 30 минути.
Поделете го тестото на 10 јуфки. Размесете ги во големина на плитка чинија и 8 од нив премачкајте ги со путер.
По 4 намачкани јуфки ставајте една врз друга, а петата оставете ја ненамачкана. Значи добивате по пет јуфки на две места.
Првиот дел растегнете го што потенко, поделето го на четири дела, а потоа секоја четвртина на шест, така што ќе добиете 24 кифлички.
Ставете ги кифлите во плех обложен со хартија за печење. Истото повторете го и со другиот дел на јуфките.
Ставените кифлички оставете ги да отстојат на плехот еден час. Потоа премачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам.
Печете на температура од 200 степени околу 30 минути, Тестото можете да го сечете по желба, а истото важи и за полнењето или виткањето на кифличките.
Испечените кифли прекријте ги со памучна ткаенина малку да омекнат, а потоа послужете ги заедно со вашите омилени додатоци.
Уживајте!