Новиот нож од врвна технологија се надева дека ќе го реши стариот проблем од тешкото мачкање на ладниот путер изваден од фрижидер, апсорбирајќи ја топлината на вашето тело.
Ножот „SpreadTHAT!“ користи систем за трансфер на топлина, кој ја апсорбира топлината на корисникот за да го стопи тврдиот путер.
Напредната технологија значи дека уреднот не бара батерии, полнење или стрја од било кој вид.
Неговите дизајнери развија уред користејќи цевки од бакарни легури кои веднаш ја пренесуваат топлината од дланката на раката до крајот на ножот.
Со тежина од само 85 грама, не користи електрична енергија или батерии, без загревање или топла вода, и најважно, не му е потребно време за загревање.
Уредот се покажа како успешен на веб-страницата за помагање на фондирање на нови производи, Kickstarter, надминувајќи ги своите предвидени 20.000 долари за само неколку дена.