Никој освен фотографите вработени во владата на Северна Кореја немаше подобар увид во „Пустото кралство“ од Дејвид Гатенфелдер. Во 2011 година тој помогна Associated Press да отвори прес канцеларија во Пјонгјанг со што стана првата новинска агенција која е сопственик на канцеларија во една изолирана земја.
Гатенфелдер, сега фотограф на National Geographics, повеќе од четириесет пати ја има посетено Северна Кореја. Неговите фотографии бележат искрени моменти кои претставуваат целосна спротивност на внимателно испишаното сценарио на режимот што владее.
Тој направи инстаграм профил по налог на Everyday DPRK под наслов „Отворен прозорец во Северна Кореја“, кој во моментов е следен од повеќе од 90.000 луѓе. На фотографиите можат да се видат фасцинантни баналности на секојдневниот живот во оваа земја. Од наставниците и учениците во училниците , земјоделците, до членовите на елитата кои уживаат во комфорот на Пјонгјанг.
Тука се некои од нашите омолени фотографии забележани во текот на посетите на Дејвид на режимот на Ким:
Севернокорејскиот хор настапува за време на одбележувањето на стогодишнината од смртта на основачот на земјата Ким Ил Сунг во Пјонгјанг во април 2012 година.
Деца од училишна возраст помагаат во поправка на селскиот пат во провинцијата Северен Хамгионг во јуни 2014 година.
Корејски воен ветеран во посета на воените гробишта по повод потпишувањето на шеесетгодишнината од потпишувањето на примирјето со кое завршија непријателствата на Корејскиот полуостров во јули 2013 година.
Млада Севернокорејка чита под светилка на новоизградениот објект во Мансу Хилл квартот во Пјонгјанг, јуни 2012 година.
Младиот инструктор по јавање со својот коњ во новоотворениот клуб за јавање Ми Рим во близина на Пјонгјанг, декември 2013 година.
Еден човек чисти снег од патеката кај споменикот на Ким Ил Сунг кој е претставен како млад генерал. Споменикот е спомен на борбата против јапонските сили во 1939 година.
Група жени настапува на Ариранг масовните игри на Меј Деј стадионот во Пјонгјанг во рамките на прославата шеесетгодишнината од примирјето на Корејската војна, јули 2013 година.
Медицинска сестра го сместува бебето во креветчето во породилиштето во Пјонгјанг, февруари 2013 година.
Човекот го слика неговото друштво кое се наоѓа на лежалкте покрај базенот во Пјингјанг, септември 2012 година.
Ким Џонг Ун со наведната глава кога пристигна во Кумсусан палата на Сонцето за да го прослават седумдесеттиот роденден на Ким Џонг Ил. Помладиот Ким ја презеде власта два месеци пред тоа, по смртта на неговиот татко, февруари 2012 година.
Работник носи тули на градилиштето на новиот ски-центар во септември 2013 година. Властите на Северна Кореја го стимулираат ширењето на спортот и рекреација во земјата и тој проект го нарекоа „Жешки крилја на спортот летаат низ Кореја“.
Во октомври 2000 година, во текот на последните месеци од претседателството на Бил Клинтон, американската државна секретарка Медлин Олбрајт стана највисокиот американски званичник кој ја посетил Северна Кореја од 1950 година. Како подарок на Ким Џонг Ил му донесе топка потпишана од страна на Мајкл Џордан.
Учениците од Северна Кореја чистат снег од споменикот на кој се претставени Ким Џонг Ил и Ким Ил Сунг, декември 2014 година.
Мажите ги управуваат рачните колички по должината на браната која чини повеќе од 1,8 милијарди долари, чија изградба почнала во 1981 година, а завршила во 1986 во 1986 година.
Ким Џонг Ун и кошаркарот Денис Родман, 2013 година.
Ерик Шмит, извршниот директор на Гугл, до статуата на Ким Ил Сунг, 2013
Луѓе на полињата уништени од поплавата, јули, 2012
Група новинари се движи непосредно до ракетата на сателитската станица, Април 2012. Ракетата експлодираше 90 секунди по лансирањето.
Севернокорејците на плоштадот Ким Ил Суг, во исчекување на огнометот по повод неговиот роденден, април, 2014