Руската панк група Pussy Riot објави видео клип низ кој го критикува рускиот претседател Владимир Путин и начинот на кој што тој управува со руската нафтена индустрија. Во видеото девојките од бендот, облечени со кратки фустани и нивните карактеристични маски, се искачуваат на нафтоводите.
Спотот е насловен Like a Red Prison (Како во црвен затвор), а во песната пејачките ги критикуваат и тесните врски на Путин со руската православна црква.
Тие пејат: „Нашиот претседател е како ајатолахот во Иран, а нашата Црква е како храмовите во Обединетите Арапски Емирати”.
Pussy Riot остро го критикуваат Владимир Путин најмногу поради прогонот на политичките противници и подмачкувањето на протестите, откако тој се врати во Кремљ во мај, минатата година, потсетуваат агенциите.
Две пејачки од групата отслужуваат двегодишни казни во работен камп поради скандалозно протестно излагање во московскиот храм „Христос Спасител” кон почетокот на минатата година.