Пуштени во продажба билетите за „Таксират 9“

tajsa1e16bbf6617b3e0Билетите за деветтото издание на музичкиот фестивал „Таксират“ од вчера се пуштени во продажба. Цената на првите две илјади карти ќе изнесува 300 денари, наредните две илјади ќе чинат 400 денари, додека пак цената на преостанатите ќе изнесува 500 денари.

Билетите за деветтото издание на музичкиот фестивал „Таксират“ од вчера се пуштени во продажба. Цената на првите две илјади карти ќе изнесува 300 денари, наредните две илјади ќе чинат 400 денари, додека пак цената на преостанатите ќе изнесува 500 денари.

Влезниците што ќе важат за двете хали од Скопскиот саем, каде што на 8 декември ќе се одржува фестивалот, ќе може да се купат на повеќе локации низ земјава. Во Скопје тие ќе се продаваат во музичките продавници „Југотон“ и „Чув де чув“, како и во кафе-баровите, „Браво“, „Лајка“, „Круг“, „Икона“ во трговскиот центар „Рамстор“ и во клубот „Кастро“. Покрај овие места во Скопје, билетите ќе се продаваат и во другите градови низ Македонија. Во Тетово ќе може да се најдат во „Рок-кафе“, во Битола во „Хард рок“, во Прилеп во „Апореа“, додека пак во Куманово во „Агора“. Охриѓани билети за „Таксират 9“ ќе можат да купат во музичката продавница „Кукузел“, додека пак стружани во „Калабалак“. Луѓето од источниот дел на Македонија билетите ќе можат да ги набават во „Рок сити“ во Радовиш и во Домот на младите во Штип.

На годинешново издание на „Таксират“ ќе настапат Британците „Базкокс“, Словенците „Лајбах“, Хрватите „Хладно пиво“ и Дарко Рундек со својот „Карго оркестар“, како и домашните „Дени те чува“. Овие состави ќе свират на главната сцена во „Метрополис арената“, додека, пак, втората хала ќе биде резервирана за диџејот Тига, „Дубиоза колектив“ од Хрватска и за македонските претставници „ПМГ колектив“ и Мирко Попов, кој ќе има и сопствен диџејски сет. виа.

ac3c3af64a63034a8a3671dff2a6daeb

 

- Реклама -