Пушете здраво: Исфрлете го никотинот од телото, само со помош на храна

Ако веќе сте решиле да пушите, правете го тоа на најпаметниот начин. Во секој случај, пушењето е штетно за организмот, а тоа значи дека ако не сте „откажувач“, ќе треба да ја репарирате направената штета. Има ли подобар начин од природната исхрана?

 

БРОКУЛИ
Овој зеленчук е богат извор на витамини Ц и Б5. Пушењето ја смалува количината на витаминот Ц во телото. Така, јадете брокула за да го „исфрлите“ никотинот, т.е. да го анулирате негативниот ефект од неговата конзумација. Брокулата помага и во намалувањето на тежината, а добра е и за трудниците.

ПОРТОКАЛ
Сокот од портокал е богат извор на витамин Ц. Редовното јадење на портокал може да го забрза метаболизмот на телото и да ве ослободи од стресот.

СОК ОД МОРКОВ
Ако пушите, треба да знаете дека никотинот останува во телото цели три дена. Никотинот ја оштетува вашата кожа. Сокот од морков е добар за кожата, а исто така е и богат со А, Ц, К, и Б – витамини кои помагаат во исфрлањето на никотинот од организмот.

ЗЕЛЕНЧУК СО ЗЕЛЕНИ ЛИСТОВИ
Спанаќпт е најдобриот темнозелен зеленчук кој не само што е богат со витамини, туку и со фолна киселина. Ако сте бремена и сте загрижена за остатоците од никотин во вашето тело, јадете спанаќ.

nicotine

КАЛИНКА
Ова овошје помага во циркулацијата на крвта и го зголемува бројот на крвни клетки во телото. Ако сакате да ја намалите потребата за никотин на организмот, калинката е вистинскиот чекор.

КИВИ
Кивито е уште едно мошне ефикасно овошје во борбата со никотинот. Богато е со витамин А, Ц и Е. Како што веќе рековме, пушењето предизвикува недостаток од овие витамини во организмот.

ЗРНЕСТО ОВОШЈЕ
Бобинките, како јагодите на пример, не само што се од помош при борбата со никотинот, туку помагаат и во исфрлањето и на други токсини од организмот.

ВОДА
Пушењето води кон дехидратација. Според многу истражувања, конзумирањето на големи количини вода може да ви помогне во откажувањето од пушење и во намалувањето на застапеноста на никотин во телото.

- Реклама -