По големите расправи за тоа дали пушењето на џоинт треба да биде легализирано во Србија или не, на тамошниот пазар се појави неговата прва електронска варијанта.Во трговскиот центар „Пирамида“ наскоро ќе биде отворена првата специјализирана продавница.
Српските медиуми пишуваат дека џоинтот кај нив станаува легален и сосема безбеден. Пред неколку дена, започнала подготовката на објектот што во својата понуда ќе има и електронски џоинти.
Покрај фактот дека не станува збор за правилна марихуана, концептот е-нџоинт звучи многу конзервативно, па многумина се прашуваат дали овој производ е легален.
– Никој што користи нема да биде издрогиран. Овој производ е лесен и 100 проценти без THC, така што може безгрижно да се ужива, вели сопственичката на продавницата и додава дека димот се испушта без мирис и не е штетен за луѓето во околината, па може да се користи дури и на места каде што пушењето е забрането.
На интернет има многу написи дека оваа навика сатанува се повеќе популарна во многу земји во ЕУ.
Имено, течноста која се наоѓа во е-нџоинт содржи соединување на пропилен – гликол, вегетаријански глицерин и биолошки природен вкус. Со можноста на ингалирање, оваа течност се претвора во водена пареа. Овие супстанци се користат секој ден во храната, колачињата, безалкохолните пијалоци и сосема се безопасни за дравјето на луѓето, пишуваат соседните медиуми.