Веќе сите дознавме дека се во мода машките пунџи.
Како што обично бидува со сè што е актуелно, така и овој тренд не остана имун на троловите од социјалните мрежи. Приказната започна на “Твитер” кога FigDrewton сподели слика на Доналд Трамп, на која што тој е прикажан со пунџа.
Реакциите на корисниците беа толку бурни и полни со предлози што сајтот за дизајнери DesignCrowd објави конкурс со кој што ја предизвика заедницата да ги фотошопира светските лидери со препознатливата фризура.
Еве ги најдобрите предлози, пријавени на конкурсот.