Пулишиќ: Овие лаги се неприфатливи

Пулишиќ: Овие лаги се неприфатливи

Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ, јасно ги отфрли тврдењата на италијанскиот весник „Ла Република“, кој пренесе дека капитенот на американската репрезентација сака да го напушти клубот поради наводен конфликт со тренерот Серж Консеисао.

„Никогаш не сум влегол во расправија со тренерот, ниту сум изразил желба да заминам. Се чувствувам одлично во Милан и имам намера да продолжам да го носам овој дрес. Читањето вакви невистини е разочарувачко, но најважно е сите заедно да останеме посветени и да се бориме за клубот и нашите навивачи“, изјави Пулишиќ за официјалната веб-страница на клубот.

На последниот натпревар против Феенорд кој се одигра во вторникот вечерта,Пулишиќ беше повлечен од игра во 63. минута,а во последните четири натпревари на Милан,двапати не беше во почетниот состав.

Оваа сезона Американецот има учество во 33 натпревари во сите натпреварувања и со постигнати 12 гола е водечки стрелец во тимот.

Милан, по елиминацијата од Лигата на шампионите од страна на Феенорд, моментално се наоѓа на седмото место во Серија А со 41 освоен бод, што е пет помалку од Јувентус, кој го држи четвртото место.

Во рамките на Купот на Италија, Милан успеа да се пласира во полуфиналето, каде што ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Интер и Лацио.