Пукна стаклото на Меѓународната вселенска станица

i6yckt00gzgm0hzsy2bh[1]

Оваа мала пукнатина со дијаметар од околу 6.35 милиметри е последното нешто што сакате да го видите додека се наоѓате на Меѓународната вселенска станица. За беља, ете ја на прозорите на станицата.

Резултат е на импакт од вселенски отпадок, но не е доволно голема за да предизвика посериозни проблеми за повеќеслојното стакло за станицата. Според Европската вселенска агенција, пукнатината е најверојатно предизвикана од „парчиња боја или мал метален фрагмент со пречник не поголем од неколку илјадити делови од милиметар“.

Фантастично е тоа како толку мало парче отпад – што не може ни да се забележи на Земјата, може да предизвика таква штета при орбитални брзини. Воедно тоа е и знак дека не смееме да го игнораме проблемот со вселенскиот отпад. НАСА потсетува:

Прочитајте и:  Што е и каде се наоѓа Точката Немо?

„Додека отпадок како прикажаниот овде може да е минорен, поголемо парче би претставувало сериозна закана. Објект голем до 1 сантиметар може да оневозможи инструмент или критичен дел од системот за летање на сателит. Сé над 1 сантиметар може да ги пробие штитовите на модулите на екипажот во станицата, а сé поголемо од 10 сантиметри може да распрска сателит или вселенско летало на парчиња“.

- Реклама -