Пуканките ве штитат од реклами

Германските научници објавија студија во која се зборува за нешто што ни е навистина драго – јадење пуканки пред телевизорите и кино екраните.

За целите на студијата, истражувачите поканиле 96 луѓе на заедничко гледање на филм, пред чиј почеток биле пуштени реклами. Пола од испитаниците добиле пуканки, додека другата половина добила компактна коцка благо.

По проекцијата, научниците ги тестирале гледачите и нивните реакции на рекламите на почетокот на филмот. Оние што добиле благо, реагирале попозитивно од оние што добиле пуканки. Вториве, биле многу помалку засегнати.

The_Food_Film_Festival_opt

Сепак, тоа не значи дека пуканките имаат магична моќ. Се смета дека рекламите, делумно, работат на тој начин што луѓето се склони потсвесно да го изговарат името на новиот продукт кога за прв пат го гледаат. Полната уста пуканки и пречи на ваквата пракса, а кога луѓето не го изговараат името на продуктот, мали се шансите брендот да се всади во мозокот.

Заклучно, секоја одлука пред почетокот на филмот, се сведува на тоа дали да изберете потенцијални вишок килограми и двојно уживање во проекцијата, или тенка линија и сублиминален маркетинг. Од друга страна, резултатите од студијата би значеле дека моменталната маркетинг стратегија на продавање на грицки во самите кина е контрапродуктивна и дека тие треба да бидат отстранети за рекламите да имаат ефект. Тоа би бил радикален чекор и не е за очекување, што пак води кон константо високи цени на грицките. Барем додека бидат објавени тотално спротивни резултати, од некое идно истражување.

- Реклама -